Голем хаос во Германија: Обилни врнежи од снег откажаа повеќе летови – ова е само почеток

318

Снежните бури се причина Германија сериозно да се подготвува за обилни врнежи од снег и мраз, а со тоа и за сериозни проблеми во сообраќајот. Според најавите ќе има обилни снежни врнежи и услови за екстремно мраз, особено во центарот и јужниот дел на земјата, соопшти Германската метеоролошка служба (ДВД).

Поради тоа, ефектите ќе се почувствуваат и во железничкиот и воздушниот сообраќај.

Германските метеоролози предупредија на екстремна опасност од мраз на југозапад и „црн мраз“ – тенок слој мраз на патиштата – во јужниот дел на земјата. Од друга страна пак, обилни снежни врнежи се предвидуваат за западниот и центарот на Германија. Снег се очекува и во централните и источните делови од земјава, според метеоролошките предупредувања објавени вчеравечер.

Обилните врнежи веќе прават проблеми, поради што се откажуваат и летови.

Аеродромот во Франкфурт очекува бројни откажувања на летови поради предвидените снежни врнежи. Компанијата која управува со аеродромот, најави дека воздушниот сообраќај може да биде сериозно ограничен до четврток. Аеродромот Сарбрикен дури вчера вечерта објави дека целосно ќе ги откаже своите летови денеска.

До овој момент се откажани 20 летови до и од Франкфурт и 10 летови до и од Минхен, изјави портпаролката на аеродромот. Не е исклучена можноста овој број да расте

Претходна вестСите биле невакцинирани: Во Македонија за три недели од грип починале ШЕСТ лица
Следна вестДарио Николовски со убави вести за граѓаните: Го штитиме стандардот – пониска цена на струјата за 5% и евтина тарифа на струјата