Арсовска има НОВА партија – познато е нејзиното име и како функционирала во минатото

229

Градоначалничката на Град Скопје, пред извесен период најави дека ќе формира политичка партија, односно посочи дека ќе биде дел и од претседателските и парламентарните избори.

Скопската градоначалничка, Данела Арсовска, според се уште непотврдени извори, утре ќе биде избрана за претседателка на партијата „Нова Алтернатива“.

Конвенцијата ќе се одржи во главниот град Скопје, информираа од партијата која во 2008-ма година беше формирана од страна на Ѓорги Оровчанец. Тие од тогаш влегоа во коалиција со СДСМ и до ден денес така функционираа. Не е познато како ќе функционираат на претстојните избори.

Данела Арсовска претходно најави и формирање на нова политичка партија, но за сето тоа потребни се 1.000 граѓански потписи и процедурата е далеку посложена.

Денеска нема официјален коментар од скопската градоначалничка за информацијата која беше потврдена од оваа партија.

претходниот член,МВР со преубава вест: Личните карти ќе важат и после 12-ти февруари
Следната статија„Аналитичарите“ вечерва нема да спијат мирно: Четата на Лазаров покажа срце и дрскост – падна Швајцарија