Партијата „Десна“ го разреши Палевски – од денес имаат нов претседател и порачаа: Ќе одиме на избори – мора да победиме

321

Политичката партија „Десна“ се реорганизира. Откако нивниот претседател упчо Палевски – Палчо, беше обвинет за двојното убиство на Вања и Панче, партијата за момент целосно стагнираше.

Сепак, после нешто повеќе од еден месец, од партијата се огласија и посочија дека нивниот претседател Љупчо Палевски е разрешен, а веќе има и негов заменик.

На местото од Палевски, како претседател на партијата сега е избран Тони Алексовски, тој заедно со Палевски е меѓу основачите на партијата.

Од премиерот и министерот за внарешни работи имаше неофицијални повици за укинување на партијата, сепак се уште нема иницијатива за такво нешто. Од партијата ова го сметаат како закана.

„Десна цврсто и решително продолжува по промакедонскиот курс, преку спроведување на редовните партиски активности, во прв ред борбата за зачувување на името и статутот на МПЦ – ОА, иницијативата за Референдум за раскинување на штетниот антимакеонски Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и подготовка за претседателските и парламентарни избори“, велат за Сител од партијата Десна.

Претходна вестПред да ја убие Вања, Палчо ја прашувал за нивните станови и имот – Палевски осомничен за уште едно сомнително исчезнување
Следна вестМВР со преубава вест: Личните карти ќе важат и после 12-ти февруари