На денешен ден пред 24 години, убиен беше Жељко Ражнатовиќ – Аркан.
За него има многу да се пишува, но она што малкумина го знаат е дека негов кум, на неговата прва свадба бил познатиот Македонец, Томо Аврамски.
Аркан беше водач на паравоената формација Српска доброволна гарда, што делувала во војната на просторот на бивша Југославија. Аркан има дебело досие како истакнат „криминалец“ во западна Европа.
Жељко Ражнатовиќ беше убиен на 15-ти јануари 2000-та година во белградскиот хотел „Интерконтинентал“, каде што се наоѓаше и неговото седиште. По повод убиството на Аркан има различни верзии, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата, а според другата неговата смрт е од политички интерес.
Сега, 24 години подоцна, по убиството на Аркан, неговиот пријател Томо се сеќава на овие времиња, споделувајќи ја и фотографијата од свадбата на Аркан и Цеца.