Лошата вест брзо се прошири: При вадење млечни заби, почина петгодишно момче, претходно 37 денови беше во кома

318

Тажната вест брзо се прошири на социјалните мрежи, каде фамилијата прими голем број на пораки во вид на сочувство.

Мало дете, петгодишниот Пашник почина во саботата во украинскиот град Лавов откако падна во кома при вадење на млечни заби под општа анестезија.

Во моментот на операцијата, момчето доживеало срцев удар, по што паднало во кома при вадење на два млечни заба во една од стоматолошките клиники.

Брзата реакција на лекарите дала резултат, успеале да го реанимираат, па што веднаш бил префрлен на одделението за интензивна нега, каде подоцна била констатирана мозочна смрт, по борба од 37 денови.

Детето било во кома 37 дена. Иако обидите на лекарите биле максимални, не успеал да се спаси.

– Летај, момче наше, летај, биди наша светлина од небото. Почивај во мир драг наш Лесоњо – напиша таткото на момчето Виктор Пашник на својот профил на социјалните мрежи.

Претходна вестМое Вевчани со одговор до Бигорски: Маската не навредува, а ова е причината – додека носите илјадници евра златни ланци
Следна вестНа денешен ден беше убиен големиот Ражнатовиќ – Знаете ли кој е Македонецот кој беше на свадбата на Аркан и Цеца?