Било напнато во Германија: Германците им ги одзеле знамињата со вергина на Македонците – еве го одговорот

354

Во моментот сите ракометни очи се вперени кон Германија, каде се одржува ракометното Европско првенство, на кое учесник е и Македонија. Вчера, нашата репрезентација загуби убедливо од домаќинот, но нашите навивачи имале друг, поголем проблем.

Голем скандал бил предизвикан од страна на домаќинот – организаторот на Европското ракометно првенство на вчерашниот натпревар помеѓу Германија и Македонија. Тоа може да се разбере од навивачите, кои открија дека обезбедувањето на влезот во салата во Берлин детално ги проверувале и им ги одземале сите реквизити на кои го имало Македонскиот национален симбол со 16-краката ѕвездата од Кутлеш.

Голем број на навивачи синоќа реагираа за овој инцидент на социјалните мрежи, а еден од најверните, кој речиси и не пропушти натпревар на Македонија, Наце Митев, испрати порака до Германците: „Немате толку обезбедување, колку што имаме ние знамиња“.

И покрај забраната, во Берлин знамето го имаше на голем повеќе места на трибините.

претходниот член,Голем план на Русија: НАТО го дознал – познато е кога Украина целосно ќе „падне“ и кои се следните држави што ќе бидат нападнати
Следната статијаМое Вевчани со одговор до Бигорски: Маската не навредува, а ова е причината – додека носите илјадници евра златни ланци