Голем план на Русија: НАТО го дознал – познато е кога Украина целосно ќе „падне“ и кои се следните држави што ќе бидат нападнати

431

Германскиот медиум „Билд“ откри досега непознати информации за цел свет. НАТО се подготвува за голем руски напад на своето источно крило.

Во тајниот документ („Тајни информации – само за службена употреба“), германското министерство за одбрана прикажува детали за можниот „пат до конфликт“ помеѓу НАТО и Русија. Сите потези на Русија и Западот се евидентираат ден по ден, месец по месец, а сето тоа кулминира со распоредување на стотици илјади војници на НАТО и избувнување на војна, која би се случила во летото 2025 година.

„Билд“ целосно го објаснува сценариото од документот, но како што велат, од безбедносни причини не ги наведуваат сите информации за бројот и движењето на војниците на НАТО:

Сценариото на Бундесверот „Одбрана на Алијансата 2025“ започнува во февруари 2024 година. Русија започнува нова бран на мобилизација и регрутира дополнителни 200 илјади луѓе. Кремљ потоа започнува пролетна офанзива во Украина, украинската армија ќе биде потисната до јуни.

Првиот таен, а потоа сè поотворен напад на Русија на Западот започнува во јули. Се очекуваат сајбер напади и други форми на хибридна војна, главно во балтичките земји. Следува конфликт, кој Русија го користи како изговор за да започне големи вежби на нејзина територија и во Белорусија.

Според сценариото, оваа ситуација може да се влоши во октомври доколку Русија префрли војници и ракети со среден дострел во Калининград. Од декември 2024 година, вештачки предизвикани „гранични конфликти“ и „немири со бројни жртви“ се случуваат во областа на „Коридорот Сувалки“.

Во време кога САД нема да имаат лидер неколку недели по изборите, Русија со поддршка на Белорусија започнува операција на територијата на НАТО, се наведува во документот. Во мај 2025 година, НАТО презема мерки за задржување: „На денот X“ НАТО префрла 300.000 војници, вклучително и 30.000 војници на Бундесверот, на источното крило.

Сценариото завршува 30 дена по „денот Х“. Дали НАТО ќе ја запре Русија, ова прашање останува отворено во сценариото.“.

Претходна вест„Денеска го попративме во вечноста Милан Мукоски“ – на денот на несреќата го прашале, каде одиш сам: Не сум сам, со Господ сум
Следна вестБило напнато во Германија: Германците им ги одзеле знамињата со вергина на Македонците – еве го одговорот