САД не сакаат војна со Јемен, ама порачаа: Ние сме подготвени за акција

295

САД не сакаат војна со Јемен, но нема да се двоумат да преземат дополнителни активности како одговор на нападите на Хута во Црвеното Море, соопшти денеска Белата куќа.

„Ние не сме заинтересирани за војна со Јемен. Не сме заинтересирани за конфликт од каков било вид овде“, изјави за новинарите портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека сè што прави американскиот претседател Џозеф Бајден се обидува да спречи каква било ескалација на конфликтот, вклучително и напади во текот на ноќта.

САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија десетици воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен, при што загинаа најмалку пет борци на јеменската милитантна група.

Хутите, кои се поддржани од Иран, во последните недели напаѓаа бродови на важни водни патишта и гаѓаа беспилотни летала и проектили врз самиот Израел.

Членот на политбирото на Хута Мохамед Али ал Бухаити денеска изјави дека јеменската милитантна група ќе нападне бродови поврзани со Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Претходна вестДоцна вечерва повторно вознемиреност: Нов земјотрес во Македонија
Следна вестКФОР се повлече од позицијата во близина на зградата на општина Лепосавиќ