Нов светски воен конфликт: САД и Велика Британија не можеа да го премолчат тоа – нападнаа со моќни ракети

425

Ново воено жариште во светот. Според првичните информации, САД и Велика Британија извршиле напад врз Јемен. Сето тоа е како одговор по постојаните напади на Хунтите врз бродовите во Црвеното Море.

Како што пишуваат повеќе светски медиуми, Американски и британски авиони и воени бродови извршија напади врз воени објекти на бунтовничката група Хути во Јемен.

Според првичните изјави на Хутите, но и на претставници на САД и В. Британија, мета првенствено биле аеродроми за кои западните сили сметаат дека се локации од кои Хутите лансираат ракети и дронови, како и складишта за оружје и радари.

Повикувајќи се на неименуван веродостоен извор во американската влада, во нападите се користат и моќни ракети Томахавк.

Хутите се јеменска бунтовничка група која во војната на Блискиот исток ги поддржува Палестинците против Израел, а тие, пак, се поддржани од Иран, една од најмоќните држави во регионот. Во последните месец и половина, тие тргнаа во лов на трговски бродови во Црвеното Море и ја попречуваа глобалната трговија.

Потврда за нападот пристигна и од САД. Американското воздухопловство соопшти дека на удар во нападите против јеменските Хути биле повеќе од 60 цели на 16 локации – командни места, складишта со оружје, производствени погони и радари на противвоздушната одбрана.

Постојаната мисија на Русија во Обединетите Нации (ОН) побара итна седница на Советот за безбедност по нападите на САД и на Велика Британија врз позиции на Хутите во Јемен. Состанокот, според агенцијата ТАСС, е закажан за 16 часот по локално време во Њујорк.

Со Резолуција на Советот за безбедност во средата беше побарано јеменските Хути веднаш да престанат со нивните напади врз бродови во Црвеното Море. Русија и Кина беа воздржани при гласање, како и Алжир и Мозамбик. За документот беше усвоен со 11 гласа „за“.

претходниот член,Нано Ружин: Посетата на Спасовски во САД е историска, ниеден министер досега немал толку голем обем на контакти со клучни претставници на американската администрација
Следната статијаНа дното сме по интелигенција на Балканот: Понизок коефициент има само Албанија