97-годишната Добрила Чабриќ-Ивановска открива дека и понатаму ѝ се додворуваат припадниците на посилниот пол! Секогаш е подготвена за шегите, за муабетите, а најмногу вели сака да прави кафе-муабети со нас новинарите, во својот голем двор во куќата во Дојран. Од дворот се протега феноменален поглед на Дојранското Езеро кое Добрила најмногу си го сака на светот. Верува дека токму Езерото и го продолжува животот. Ѝ дава позитивна енергија која ѝ овозможува здраво да си ја живее својата длабока старост.
Неверојатната и многумина би кажале волшебната Добрила Чабриќ Ивановска, која стана мегапопуларна по победата во Балканското тв-шоу “Никогаш не е доцна“ добро е позната по својот непресушен младешки дух. Има “само“ 97 години а, нешто без кое не може да си го замисли животот е забавата што си ја прави самата за себе постојано во Дојранското казино. Таму во казиното, доаѓаат многу Грци, вели Добрила, со кои има одлична комуникација, бидејќи совршено добро го знае грчкиот јазик, а и Грците неа ја сакаат и прифаќаат во друштвото.
Најинтересно од се е тоа што Добрила за сабе мисли дека и на овие години е магнет за мажите. – Не знам навистина што најмногу им се допаѓа кај мене? Дали мојата младешка енергија, дали мојата заразна насмевка, дали мојата комуникација, ете не знам? Вистина е дека мажите се уште ми се лепат како “некои болви“, раскажува Добрила “умирајќи“ од смеење.
Ние нема зошто да не ѝ веруваме. Секогаш е подготвена за шегите, за муабетите, а најмногу вели сака да прави кафе-муабети со нас новинарите, во својот голем двор во куќата во Дојран. Од дворот се протега феноменален поглед на Дојранското Езеро кое Добрила најмногу си го сака на светот. Верува дека токму Езерото ѝ го продолжува животот. Ѝ дава позитивна енергија која ѝ овозможува здраво да си ја живее својата длабока старост. Уште е свежа, уште присутна со мозокот, желна да другарува со луѓето, никогаш не е без друштвото. И без своите мали симпатични кучиња.



