5 симптоми на рак на грлото на матката: Не смеете да го занемарите овие симптоми

213

Ракот на грлото на матката е многу честа појава, а раното откривање е најдобрата заштита.

Одете на лекар, направете преглед и санирајте го проблемот уште на почеток. Пред сè, обрнете внимание на сигналите што ви ги испраќа телото и никако не игнорирајте ги.

Jo’s Cervical Cancer Trust, британска организација што се залага за превенција на рак на грлото на матката, објавила листа на рани симптоми што укажуваат на оваа опасна болест…

1. Крвавење

Најчестиот и најраниот симптом на рак на грлото на матката е невообичаеното крвавење – за време или по секс, помеѓу менструации или откако веќе сте влегле во менопауза. Тоа се случува кога клетките на рак почнуваат да растат на ткивото на грлото. Особено опасно е ако се појави откако жената влегла во менопауза. Не постојат возрасни граници за заболување од овој вид рак.

2. Необичен вагинален исцедок

Секоја жена има различен исцедок, па затоа важно е да обрнете внимание ако почне да се разликува во бојата, мирисот или густината. Ако забележите промени, итно одете на гинеколог. Кога клетките на рак остануваат без кислород, тоа може да предизвика инфекција што доведува до необичен мирис на вагиналниот исцедок.

3. Непријатност или болка за време на сексот

Болката за време на сексот може да укажува на различни проблеми, а еден од нив е и ракот на грлото на матката. Со оглед на тоа што оваа болест често се појавува без симптоми, болката за време на сексуалниот однос може да биде клучен знак за нејзиното откривање. Тоа може да значи дека ракот почнал да се шири на околното ткиво.

4. Болка во долниот дел од грбот

Ако ве здоболи грбот, не мора да значи дека имате рак, но тоа може да биде еден од знаците дека нешто не е во ред со вашите репродуктивни органи. Ако често ве мачи болка во долниот дел на грбот, посетете гинеколог.

5. Ненадејно губење килограми

Случајното слабеење може да ви се чини како добра работа, но не е. Ако сте изгубиле апетит и сте почнале да губите килограми, тоа е знак дека вашето тело не функционира како што треба. Ако забележите дека јадете помалку од вообичаено и брзо губите килограми, задолжително одете на лекар.

Ако болеста напреднала, може да забележите симптоми како: почеста потреба за мокрење, крв во урината, крвавење од анусот, дијареја и отекување на нозете.

Ако забележите некој од овие симптоми, не чекајте и закажете преглед што побрзо, дури и ако неодамна сте направиле ПАП тест. Исто така, важно е да се нагласи дека овој вид рак често се појавува без никакви симптоми, па затоа исклучително важно е редовно да се тестирате.

Текстот е преземен од поралот Убавина и здравје – клик ОВДЕ.

Претходна вестМитрески Јован е новиот претседател на Собранието
Следна вестСекоја чест за МВР за овој потег: Лични карти и возачки дозволи по пошта на домашна адреса на секој човек