Основното јавно обвинителство Куманово отвори истрага против 30-годишен државјанин на Србија, кој бил приведен на граничниот премин „Табановце“ при обид да внесе околу 130 килограми марихуана на територијата на Македонија.
Дрогата била откриена при детален преглед на товарно возило со српски регистерски таблички, а марихуаната била скриена во специјално подготвени прегради, со цел да се избегне полициска контрола.
Осомничениот е приведен, а наркотиците се запленети. Обвинителството побара мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото.
Од ОЈО најавија дека ќе се спроведат дополнителни вештачења и активности за утврдување на можна поврзаност со организирани криминални групи.



