Тик-токер заврши на КАРИЛ- тинејџер го фатило струен удар откако се качил на вагон – цистерна

308

Седумнаесетгодишно момче од скопско Волково доживеал струен удар додека бил качен на цистерна – вагон. Но, цистерната се запалила и по здобиените повреди тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, објави Телма.

„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, се вели со соопштението од МВР.

Зошто момчето било качено на вагонот и како настанал инцидентот ќе покаже истрагата.

Според извори на Телма во моментов момчето е на КАРИЛ и се бори за живот. Тоа се здобило со многу тешки изгореници.

Да потсетиме дека во февруари 2023 година на железничката во скопската населба Илинден 14-годишно девојче го загуби животот откако се качи на цистерна и не го преживеа струјниот удар.

Неофицијално, девојчето се качило на цистерната за да снима видео за Тик-Ток. А само неколку месеци предходно во скопската населба Маџари, на идентичен начин, 17-годишна тинејџерка заврши со тешки изгореници по телото, обидувајќи се да сними Тик-Ток видео.

Претходна вестСтрашна вест ги потресе сите: Две лица се убиени во напад со нож во училиште
Следна вестТрагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на Ивона