Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег со задржување на коловоз се бележат на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, викендов Македонија ја очекува нова изразена промена на времето.
Метеоролозите најавуваат обилни врнежи од дожд, засилен ветер и локална нестабилност, со можност за невреме во одредени делови од земјата.
Најинтензивни врнежи се очекуваат денес попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела и во недела.
На повеќе места дождот ќе биде обилен, а локално ќе има поројни врнежи проследени со грмежи и силен јужен и југоисточен ветер, кој повремено може да достигне брзина и над 60 километри на час.



