Пожарникари од Македонија разочарани: Наместо покачување, добиле намалување на платата

46

Струмичките пожарникари се разочарани, бидејќи наместо плата од 80.000 денари, добиле драстично помали примања и преполовена плата.

И покрај разочараноста, сепак сметаат дека вреди заради спасените животи животите кои ги спасуваш.

,,Не сакаме да обвиниме никого , но реално или нереално некој повторно на 80.000 начини си поигра со нашето достоинство и секако со нашите чувства. Но и покрај се, им порачуваме дека посветено и одговорно продолжуваме понатаму”, велат струмичките пожарникари.

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој и им ги вети зголемените плати остро реагира на одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите, оценувајќи ја како неправедна и штетна за оние кои секојдневно ризикуваат за да спасат животи.

„Поприлично сум изненаден од одлуката на општината да ги намали платите на пожарникарите спасители. Луѓе кои не само што си ја вршат својата работа, туку сме едни од ретките ТППЕ кои имаат специјализирани тимови за спасување од земјотреси, и кои спасувале животи во цела Европа кога требало. Тимови кои посетуваат обуки за спасување луѓе од сообраќајки, тимови кои наоѓале удавени лица во езерата во целиот регион, луѓе кои, кога некој се затворил дома и нема клуч, буквално влегуваат преку тераси за да помогнат. Луѓе кои спасувале домашни миленици и уште милион други активности.

Високата плата на пожарникарите спасители не е само обично покачување на примањата, туку претставува поттик за економскиот развој на општината. Тоа е поттик за можно реално зголемување на данокот на имот, што би имало директен позитивен импакт врз општинскиот буџет.“, напиша меѓудругото Костадинов.

Претходна вестДенес е важен празник: Направете го ова за среќа во домот
Следна вестКузмановска: Нов удар врз младите, ДПМНЕ ги намалува парите за студентски стандард за 7,3 милиони евра во Буџетот