25 годишна девојка скокнала од прозор од петтиот кат: Голема трагедија на Филозофскиот факултет

290

25 годишна девојка скокнала од прозор од петтиот кат: Голема трагедија на Филозофскиот факултет

Полициски службеници од полициската станица „Стари Град“ синоќа во 22:40 часот добиле пријава дека на платото пред Филозофскиот факултет во Србија се наоѓа женско лице на возраст од околу 25 години, без знаци на живот.

По пристигнувањето на местото на настанот, од очевидци било посочено дека на петтиот кат од факултетот дошло до активирање и палење пиротехнички средства, по што младата жена, најверојатно студентка, скокнала од прозор.

Според информациите, во просторијата биле пронајдени петарди, факели и спрејови, поставени во близина на радијатор, што најверојатно предизвикало пожар и паника во објектот.

Надлежните институции најавуваат истрага за утврдување на сите околности и одговорноста за трагичниот настан.

Претходна вестУбиство ја потресе Македонија: МВР соопшти детали
Следна вестНебото се отвора за ови три хороскопски знаци – еве кој ќе плива во пари и љубов овој викенд