23-годишно момче почина по пад од зграда во Скопје, отишоло таму да му однесе јадење на татко му

113

Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 23-годишниот М.О. од Скопје кој починал вечерта околу 20:20 часот.

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во билтенот на МВР.

Претходна вестСе бара раст на даноците во Македонија: Од 18% на 19%
Следна вест(ВИДЕО) Хорор снимки: Насилници со „Порше“ влетале меѓу демонстрантите во Нови Сад и почнале да ги тепаат