На 30.08.2025 во 23:30 часот на ул. „Партизанска“ во Виница, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода Х.С. (22) од с. Лески, Виница.
При вршење на увид на сообраќајна несреќа во која учествувала Х.С. со патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки, било утврдено дека возилото го управувала со 3,20 промили алкохол во крвта.