СДСМ денес на Конгрес ќе го анализира изборниот пораз

Денес СДСМ на отчетен Конгрес ќе го анализира поразот на претседателските и на парламентарните избори. Досегашниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по изборниот пораз седница на партискиот Извршен одбор што се одржа на 22 мај официјално го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.

Централниот одбор на партијата предложил и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде четири години.

Паралелно со барањето на внатрепартиската одговорност, продолжуваат активностите на кандидатите за лидерската функција. Во меѓувреме, на 6 јуни заврши рокот за кандидирање за претседател на СДСМ. Во периодот од 31 мај до 6 јуни, рок определен за кандидирање, кандидатури за претседател на партијата поднесоа поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.

-Утврдени кандидатурите на Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски за изборите за претседател на партијата што ќе се одржат на 30 јуни, соопштуваат од СДСМ.

На интернет-страницата на партијата веќе се објавени програмите на Филипче, Петровска, Деспотовски и Бајдевски. Според жрепката под број 1 ќе биде кандидатот Венко Филипче, број 2 Александар Бајдевски, број 3 Јован Деспотовски, број 4 Славјанка Петровска.

Комисијата констатира дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и правилникот.

Како и во секој изборен процес и во овој внатрепартиски, сите четворица велат дека ќе обрнат поголемо внимание на гласот на членството кое било подзаборавено во политичките процеси.

Доскорешниот потпретседател на партијата, сега пратеник Фатмир Битиќи, на социјалните мрежи објави дека нема да се кандидира, иако многумина тоа го очекувале. Најави дека останува во СДСМ и дека можеби ќе делува како фракција.

Претстојните избори ќе бидат трети внатрепартиски избори на кои претседателот на СДСМ ќе се бира со непосредно гласање на членството. По нивното воведување, првите се одржаа во март 2021 година кога екс-лидерот Зоран Заев доби нов мандат. Меѓутоа, за помалку од една година следуваа и вторите на кои победи Ковачевски откако токму Заев поднесе оставка по поразот на локалните избори во октомври 2021 година.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова ВИДЕО ја потресе цела Македонија: 12 ДЕЦА И 30 ВОЗРАСНИ СЕ ЗАТРУЛЕ СО ЧАД

Покрај цивилните лица, и еден пожарникар и еден полицаец се јавиле на лекарска помош поради вдишување на чад при гасењето на пожарот. Во голем пожар кој избувна во скопски Чаир, повеќе од триесет лица побарале лекарска помош, а од кои повеќето се поради труење со чад. Според директорот на...

ДОЦНА ВЕЧЕРВА: Напади започнаа и на европско тло – на мета амбасада на ОВАА држава

Голема полициска акција е во тек кај Амбасадата на Израел во Стокхолм, Шведска откако се слушнала силна експлозија. -Во реонот се слушна експлозија, а ние сме таму и проверуваме – изјавила портпаролката на локалната полиција Надја Нортон. Според локалните медиуми, полицијата пронашла оружје и чаура. Полицијата се сомнева дека...

Иран изврши ракетен напад врз Израел – Се слушаат серија експлозии во Тел Авив и во близина на Ерусалим

Израелската војска соопшти дека Иран истрелал проектили кон Израел, а сирените за воздушен напад се огласуваат низ целата земја. Иран потврди дека лансирал десетици балистички ракети, кои летаа над либанското и сириско небо кон Израел, како чин на одмазда за убиството на лидерите на Хезболах и Хамас....

И САД влегува во војна, Бајден само што нареди – АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА итно ќе помогне на ОВАА земја

Уште една изјава вечерва пристигна од Белата куќа за ситуацијата во Израел. Карин Жан-Пјер, прес-секретарот на Белата куќа, рече дека претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис денеска „свикаа два состаноци со нивниот тим за национална безбедност“, објави Скај Њуз. Претседателот „добива редовни ажурирања“. Дополнително, Бајден „ѝ наложи на американската...

Младо момче собрало повеќе од потребните донации за трансплантација, па ги редонирало парите за лекување на друго дете!

Приказна која ја враќа вербата во човечноста и солидарноста деновиве доаѓа од Охрид, и во неа на необичен начин се преплетени животите на две семејства, за чии деца се собираат донации за лекување. Имено, 21-годишниот Мухамед Максуд од Охрид, кој е студент и истовремено работи како таксист, треба...

ВАЖНО: Која храна треба да ја избегнувате ако имате проблеми со тироидната жлезда?

Ниту една диета не може да излечи хипотироидизам или хипертироидизам, но некои намирници и додатоци може да предизвикаат проблеми. Ендокринолог од Клиниката во Кливленд објасни каква храна треба да избегнувате доколку имате проблеми со тироидната жлезда. Соја Докторот објасни дека сојата и млекото од соја може да влијаат на апсорпцијата...

Страшна вест ја потресе Македонија: Прегазена 21-годишна девојка, возачот побегнал – ова се деталите

Патиштата во државата повеќе не се безбедни, на секој чекор несреќи... Дваесет и едногодишна девојка заврши со тешки телесни повреди откако 18-годишник од Липково ја удрил со „голф“ на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово. -Вчера во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска...

МУ ОТКАЖАЛ БУБРЕГОТ – Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче е во тешка состојба на Клиника

Во многу лоша здравствена состојба се наоѓа велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Како што објави Радио Слободна Европа, со речиси откажан бубрег Видевски е префрлен на Клиниката за нефрологија. Неговиот адвокат Бојан Манев...

СВЕТОТ ТРЕПЕРИ: Започна нова војна – Израелската армија влезе во Либан

Израелските сили во моментов спроведуваат ограничени копнени операции против Хезболах во Либан, соопшти американскиот Стејт департмент. Овие операции се насочени кон инфраструктурата на Хезболах во близина на границата, додека интензивниот артилериски и тенковски оган продолжува долж границата меѓу Израел и Либан. Според портпаролот на Стејт департментот Метју Милер,...

Обвинетиот Видевски за двојното убиство на Вања и Панче во животозагрозувачка состојба префрлен на Клиниката за нефрологија

Боре Видевски, обвинет за учество во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, е префрлен на Клиниката за нефрологија во критична здравствена состојба. Неговиот адвокат, Бојан Манев, за Радио Слободна Европа потврди дека Видевски бил транспортиран од притвор поради...

Русија соборила 125 украински беспилотни летала на нејзина територија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 125 украински беспилотни летала во текот на ноќта, додека локалниот гувернер изјави дека бил погоден станбен комплекс во западниот град Воронеж. Одделно, Вјачеслав Гладков, гувернер на западниот регион Белгород, рече дека еден маж е убиен во пограничниот град Шебекинo,...

Лицата заболени од ретката болест Вилсон и годинава апелираат да се направи нешто повеќе за дијагностицирање и контрола

Да се зборува за тоа како е да се живее со ретка болест, И кои се последиците од неа е пораката од денешниот хуманитарен настан посветен на лицата со болеста Вилсон, а во спомен на згаснат мал живот кој што ја загубил битката со оваа болест. Ања Босилкова...