УБАВИНИ: Нов директен лет од Скопје до островот Крф од јуни

AEGEAN ќе лета на оваа сезонска авиолинија, Скопје – Крф, до крајот на септември, со 2 неделни фреквенции, или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).

ТАВ Аеродроми го најавува воведувањето на нова сезонска авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот на Крф, на кој ќе лета авиокомпанијата AEGEAN почнувајќи од 1-ви јуни

Од 1 јуни 2024 година, благодарение на грчката национална авиокомпанија AEGEAN, која е членка на STAR ALLIANCE, нова директна сезонска авиолинија ќе биде воведена од Меѓународниот Аеродром Скопје до Аеродромот Крф, а со тоа ќе се овозможи извонредна и уникатна конекција меѓу енергичниот град Скопје со живописниот остров Крф во Грција, известуваат од ТАВ Аеродроми.

Почнувајќи од 1 јуни, патниците ќе имаат можност да ја искусат убавината и шармот на Крф, неговите историски споменици, прекрасните природни пејзажи и кристално чистото море, со директниот лет од скопскиот аеродром на кој ќе лета AEGEAN.

„Како аеродромски оператор, ние сме пресреќни што го најавувавме воведувањето на новата сезонска авиолинија на AEGEAN што ќе го поврзе Скопје со Крф, од 1 јуни. По Атина и Сараево, директниот лет до Крф ќе биде третата дестинација што AEGEAN ја воведува од Меѓународниот Аеродром Скопје. Оваа нова авиолинија за рекреативен туризам е доказ дека партнерството и соработката со AEGEAN продолжува со проширување на поврзаноста на Скопје. Оваа авиолинија ќе обезбеди леснотија и удобност за нашите патници кои сакаат да стигнат до еден од најатрактивните грчки острови како нивна дестинација за одмор.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

AEGEAN ќе лета на оваа сезонска авиолинија, Скопје – Крф, до крајот на септември, со 2 неделни фреквенции, или секојa сабота (недела) и секој вторник (среда).

Времето на поаѓање, во сабота и вторник, од скопскиот аеродром ќе биде во 21:35 часот (локално време), а времето на пристигнување на аеродромот во Крф во 23:50 часот (локално време), додека времето на поаѓање, во недела и среда, од аеродромот во Крф ќе биде во 00:20 часот (локално време), а време на пристигнување на скопскиот аеродром во 00:30 часот (локално време).

Авиобилетите се достапни на официјалната веб-страница на AEGEAN, https://en.aegeanair.com/ како и преку туристичките агенции.

Патниците можат да очекуваат да го искусат реномираното гостопримство и извонредност на услугите на AEGEAN на нивното патување од Скопје до Крф. Без разлика дали патувате деловно или за одмор, оваа нова сезонска авиолинија ќе понуди беспрекорно и пријатно патување.

„По воведувањето на летот на AEGEAN, што ги поврзува Скопје и Сараево минатиот октомври, сега со задоволство го објавуваме воведувањето на уште една нова директна авиолинија од Скопје до Крф. Од јуни, патниците од Скопје ќе имаат можност двапати неделно директно да патуваат до Крф и да уживаат во уникатно патничко искуство со удобноста и сигурноста што ги нуди AEGEAN. Со овој нов дополнителен лет, ја зголемуваме поврзаноста и го прошируваме нашето присуство во балканскиот регион, а истовремено нудиме поголеми опции за патниците.“ – изјави Пепи Стамати, заменик комерцијален директор за мрежа и приходи.

Претставниците на ТАВ Аеродроми веруваат дека оваа нова сезонска авиолинија дополнително ќе го збогати портфолиото на Меѓународниот Аеродром Скопје и мапата на мрежата на авионски конекции, особено што Крф е атрактивна летна дестинација до која сега може да се стигне за само еден час и 15-тина минути.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ги заврши јануари и февруари 2024 со 243.244 патници на двата македонски аеродром – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што претставува пораст од 47% споредено со јануари и февруари 2023 година. Во исто време, бројот на летови на двата аеродрома во првите два месеца е 1.931, со 38% годишен пораст.

РЕКЛАМА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ

Се огласи и партијата на Палчо, Десна: Еве какви барања имаат тие

Партијата Десна, чиј член е првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска...

КИЧЕВО: Нападнал полицаец и се обидел да исфрли ќесе со марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради...

Прво ВИДЕО на кое се гледа како Палчо беше донесен во Македонија – пренесе ТВ21

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо...

- A word from our sponsors -

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се огласи и партијата на Палчо, Десна: Еве какви барања имаат тие

Партијата Десна, чиј член е првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупло Палевски, соопшти дека Палчо уште од 17-ти јануари побарал да биде екстрадиран во Македонија. Според Десна, „Палчо е бренд и великан на македонската борба“ и поради тоа бараат „да има ВИП безбедносен...

КИЧЕВО: Нападнал полицаец и се обидел да исфрли ќесе со марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на докажување“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. – На 24.04.2024, тој со намера да спречи докажување на кривично дело за кое бил...

Прво ВИДЕО на кое се гледа како Палчо беше донесен во Македонија – пренесе ТВ21

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо вчера попладне стапна на македонско тло. Во истражниот затвор беше донесен со три возила а во затворот беа спроведени посебни мерки поради неговото враќање во Македонија.

Битиќи доцна вечерва ГРМНА: Не одам никаде, тука сум – цврсто стојам на патот на социјалдемократијата

Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на "неофицијално дознава...". Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите...

Фокус дознава: Битиќи си оди од СДСМ – веќе е познато каде ќе премине

Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект,...

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Ненадејно почина мајката на осомничениот за убистото на двегодишната Данка Илиќ во селото Злот кај Бор во Србија. Како што објавуваат српските медиуми, во соседството ненадејно починала мајката на осомничениот Д.Д., кој се товари за тешкото убиство на Данка Илиќ. С.Д. од апсењето на нејзиниот син Д.Д., а подоцна...

Импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска. Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. – На 14.05.2024 во...

Вонредни најави од УХМР – Доаѓа невреме низ Македонија и посвежо време

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период претежно во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Понестабилно ќе биде утре и во четврток кога наместа ќе има изолирана појава на пообилен дожд и...

Што вели Изборниот законик – во право ли е Силјановска Давкова со тоа што го изостави зборот Северна?

Реакции од сите страни за свечената заклетва на новата претседателка на државата Гордана Силјановска Давкова во Собранието. Откако тааа не го употреби зборот „Северна“, бројни предупредувања за враќање на проблемот со соседна Грција поради непочитување на обврските од Преспанскиот договор. Правилна ли е одлуката на новата претседателка? Професорката...

Прво и честиташе, потоа ја потсети: Фон дер Лајен упати уште една порака до Силјановска-Давкова

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за првa претседателка на С. Македонија, а веднаш потоа се огласи на Икс со забелешка за изоставувањето на уставното име од страна на македонската претседателка на инаугурацијата. Имено, Фон дер Лајен прво...

Путин го смени министерот за одбрана Шојгу

Рускиот претседател Владимир Путин предложи да биде именуван Андреј Белоусов за министер за одбрана, соопшти Телеграмскиот канал на Советот на Федерацијата. Путин денеска го назначи Сергеј Шојгу за секретар на Советот за безбедност на Русија, ставајќи еден од неговите најблиски сојузници на клучна позиција во структурата на националната...

ВЛЕН: Добро е што Силјановска ја потпиша заклетвата со „Северна“

Изразуваме загриженост што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика. Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата – реагираат од коалицијата ВЛЕН по заклетвата на претседателката Гордана Силјановска Давкова без...