Времето денеска ќе биде сончево, со температура до 26 степени

111

Денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 степени до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 19 степени до 26 степени.

Слично време ќе имаме и во последниот ден од оваа работна недела, но кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Минималните утрински температури ќе се движат од 3 степени до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 20 степени до 28 степени.

Претходна вестМакедонија започна одлично, па загуби убедливо среде Скопје од Словенија
Следна вестПретседателката Сиљановска Давкова учествува на 12. Глобален Баку форум, во фокусот предизвиците на светскиот поредок