Во општините со доминантно албанско население: Пониска излезеност на претседателските отколку на парламентарните избори

1487

Излезеноста на претседателските избори во одредени општини е помала отколку на парламентарните. Поголема разлика е воочлива во општини каде доминира албанско население
Од податоците објавени на официјалната веб страница на Државната изборна комисија за пресекот направен до 9 часот, излезеноста на претседателските избори во одредени општини е помала отколку на парламентарните. Поголема разлика е воочлива во општини каде доминира албанско население.

Па така, во Тетово излезеноста на претседателските избори изнесува 2,22 отсто или 1 898 гласачи од обработени 99 отсто избирачки места.

А одзивот за парламенатрните избори во Тетово изнесува 3,23 отсто, односно гласале 2 761 гласач од 99 отсто обработени избирачки места.

Слична е излезеноста и во општините Струга и Кичево.

За претседателските избори во Кичево, излезеноста до 9 часот е 2,94 отсто од обработените 99 отсто податоци, односно таму гласале 1 481 гласач. За парламентарните избори пак има повисока излезеност односно 4,73 отсто.

Во Струга за претседателските избори излезеноста е 1,93 отсто или гласале 1 166 граѓани според објавените податоци од обработени над 98 отсто избирачки места.

Одзивот во Струга до 9 часот за парламенатрните избори изнесува 2,75 отсто , односно таму гласале 1 663 гласачи од обработени речиси 99 отсто избирачки места.

Од скопските општини во Изборна единица 1 каде е опфатен поголем дел од општина Чаир излезеноста за парламентарните е 2,82 отсто, или изразена во бројка – 920 гласачи. Додека за претседателските изнесува 1,82 отсто од 99 отсто обработени избирачки места, односно 1 041 гласач.

Слична е ситуацијата и во Липково каде излезеноста до 9 часот за претседателските избори е 0,53 отсто, односно гласале 135 граѓани.

Излезеноста во истата општина за парламенатрните избори изнесува значително повеќе односно 2,05 отсто или во апсолутна бројка – 534 граѓани го оствариле гласачкото право на изборите за пратеници.

Инаку, од обработени 92,13 отсто или 3 232 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори е 4,32 отсто.

За парламентарните избори на обработени 92,87 отсто или 3229 избирачки места од вкупно 3477 места излезеноста до 9 часот, според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, кои се ажурираат сукцесивно, излезеноста до 9 часот е 4,70 отсто.

Претходна вестРАДУША: Дупнати гумите на возилото на набљудувач – ова се деталите
Следна вестОколу 51.000 лица не гласале на претседателските избори до 13 часот