Во експлозија во Москва убиен шефот на нуклеарните сили на руската војска

346

Еден од најважните руски генерали Игор Кирилов е убиен во експлозија во Москва. Генерал-полковникот Кирилов раководеше со руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили.

Рускиот истражен комитет кажа дека Кирилов го напуштал својот стан кога била детонирана направа скриена во скутер. Во експлозијата, која се случи само седум километри од Кремљ, загинал и негов помошник.

„Отворивме кривична истрага за убиството на двајца војници“, објави Истражниот комитет.

Убиството се случи само ден откако украинската тајна служба (СБУ) го обвини Кирилов дека е одговорен за масовна употреба на забранетото хемиско оружје во Украина. СБУ тврдеше дека Русија користела хемиско оружје речиси 5.000 пати под водство на Кирилов. Во октомври, Велика Британија воведе санкции против Кирилов, велејќи дека тој ја одобрил употребата на хемиското оружје на бојното поле во Украина.

Кирилов беше шеф на руските нуклеарни, биолошки и хемиски одбранбени сили од април 2017.

Претходна вестПОЈАСНУВАЊЕ: Екс премиерот Ковачевски и генералниот секретар Димовски сепак не се опфатени со истрагата за „Лотарија“
Следна вестЧетири мали деца се бањаат во вангла, живеат без струја и имаат само една голема желба