ВЛЕН добива: МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Царина, УЈП, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство.. – погледнете ги сите кадри

6835

Коалицијата ВЛЕН е на пат да го финализира договорот за поделба на власта со ВМРО ДПМНЕ. Како што дознава PortaliX, по дефинирањето на поделбата на министерствата, најголем дел од дирекциите веќе се поделени.

МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Матичните книги, Државните резерви и низа други дирекции ќе бидат предводени од кадрови на ВЛЕН.

ВЛЕН ќе има и заменик директор во Царина, Управа за јавни приходи, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство и други.

Покрај ова ВЛЕН ќе раководи и со Филхармонија, Албански театар Скопје, Просветниот инспекторат, Затворите во Струга и Тетово, Агро берза, ЈП за стопанисување со пасишта, Агенција за лични податоци, Национална радиодифузија, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за државни патишта, заменик Гувернер во НБРМ, заменик директор во ЕЛЕМ, како и директорски места во Клиниките.

Подолг е и списокот на директорски и заменички места во педесетина институции во државата.

извор: portalix.mk

Претходна вестМаксим Димитриевски и Христијан Мицкоски на коледарско гравче на фестивал во Куманово
Следна вестСДСМ денес на Конгрес ќе го анализира изборниот пораз