Општинската организација на СДСМ информираше дека реизбран на претседателската позиција е Влатко Митовски, а воедно избрани се нови Извршен и Надзорен одбор.
Во присуство на Генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, Заменик Претседателката Фани Каранфилова Пановска и Организациониот Секретар Љупчо Фармаковски, Општинската конференција на ОО СДСМ Гази Баба вечерва избра ново раководство.
Едногласно се избрани новиот Извршен и Надзорен одбор, како и претставници во Градскиот одбор и Извршниот одбор на Градската организација.
Претседателот на ОО СДСМ Гази Баба Влатко Митовски изрази благодарност до Претседателот Венко Филипче за реизборот и довербата која му е дадена повторно да биде Претседател на Општинската.
Остануваме посветени на СДСМ и спремни сме за нови предизвици, за граѓаните и за Општината, за иднината која што ни предстои, објавија од СДСМ Гази Баба.