(ВИДЕО) Ѓоковиќ доби свирежи од цела публика – еве што се случи

2295

Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во финалето на Австралија опен, поради повреда го предаде мечот со Александер Зверев кој го доби првиот сет.

Ѓоковиќ имаше проблеми и на мечот со Алкараз, тогаш му се укажа медицинска помош по која успешно се врати и го доби дуелот. Но, овојпат не беше така.

Српскиот тенисер во тајбрек го загуби првиот сет, беше 7-6 (7-5) за Зверев. Ѓоковиќ веднаш потоа отиде на мрежата и го предаде мечот. Му беше јасно дека сега нема да може преку повредата.

Публиката која беше на „Род Лејвер Арена“ немаше разбирање за повредата на Ѓоковиќ, тие беа разочарани што не гледаа подолг меч, па кога Новак се обиде да ги поздрави тие го исвиркаа.

Зверев во финалето ќе го чека победникот од дуелот меѓу Синер и Шелтон.

Претходна вест„Јас го работам она што го сакам и не се срамам“ – Убавата Тамара вози трактор, ора нива и студира медицинска биохемија
Следна вестПо 1.000 луѓе дневно на Онкологија, еден доктор прегледува и до 130 пациенти!