(Видео) Дали бегството на Артан Груби е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ, прашува Костоски

47

Деновиве сме сведоци на нов случај поврзан со непречено бегство на лица преку северната граница со Косово и целосно потфрлање на МВР и министерот Тошковски. Денес СДСМ ќе открие детали од бегството на Артан Груби за кои Тошковски и МВР не ја информираат јавноста, кажа на прес-конференција Мартин Костоски.

Според него, Министерството за внатрешни работи ќе мора да даде јасен одговор: како е можно Артан Груби да избега на Косово само еден ден пред акцијата, односно самиот ден на акцијата.

-Според информации со кои располагаме и ги добивме од свиркачи, МВР имала поставено полициска контрола на кружниот тек пред Блаце на денот кога Груби ја напуштил државата. Контролата била таму најмалку три дена пред настанот. Ова јасно укажува дека тие се сомневале дека може да избега. Но според нашите информации, самата полициска контрола, мобилната единица на МВР, не знаеле кого треба да очекува или кога треба да стопира. Тие добиле информација дури откако Груби ја напуштил државата, вели тој.

Ова, како што оценува, јасно потврдува две можни сценарија: Или биле целосно неспособни да го спречат, или пак второ и поверојатно, намерно не го спречиле.

Костоски праѓува дали Тошковски ќе каже искрено, која е причината што Груби дента кога требало да се обелодени истрагата слободно си ја напушта земјата а акцијата на МВР за негово спречување е целосно неуспешна.

-Кој ќе одговара за тоа ако Груби не се врати во земјата?

Дали МВР сега ќе преземе мерки против оние кои му помогнале во бегството, оние кои потфрлиле во обидот да го спречат во рамки на МВР и дали ќе бидат истражени сите околности под кои обвинетите го напуштиле државниот терен?

Дали ова е уште еден случај ист како оној летото кога со потерница баран меѓународен терорист слободно ја напушти државата во организација и со поддршка на структури на МВР.

Според него, премногу пропусти се случиле и премногу индикации има дека зад овој случај има нешто друго, односно политички договор.

-Дали ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за овој случај се договорени и дали ова можеби не е цената за поддршката што ДУИ им ја даваше на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието? Дали е ова дел од сите очигледно договорени сценарија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за постојано јавно напаѓање и фиктивна дестабилизација, состојба која политички им одговара на двете партии? Го прашуваме Тошковски, до кога северната граница со Косово ќе биде злоупотребувана? Се потврдуваат сомнежите на СДСМ уште од ова лето кога јасно укажавме за се’ што се случува на македонско-косовската граница.

СДСМ, додава Костоски и тогаш се сомневаше на политички договори кои сега ги гледаме на дело. Јавноста очекува одговори.

СДСМ останува доследен во ставот дека секој кој прекршил закон мора да одговара. Ги охрабруваме истражните органи да работат пофесионално транспарентно и за секој кој ќе докаже дека се огрешил да одговара пред законот, нагласува Костоски.

Претходна вестОпожарено е возилото на поранешниот началник на СВР Штип
Следна вестСе зголемува цената на струјата