Венко Филипче ги објави имињата на дел од новото раководство на СДСМ – има големи изненадувања

1393

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ,ЗНАМ и ВЛЕН.

На седницата на Централниот одбор на СДСМ се избра новото раководство на партијата. Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ, како предлози на Венко Филипче.

За претседател на Градската организација на СДСМ е избран Александар Давчевски.

За претседател на Централниот одбор на СДСМ е избран Герасим Лазов од Кавадарци.

Дел од новите имиња на ИО се: Андреј Жерновски, Агрон Демири, Симона Цветановски остануваат во ИО додека поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски е меѓу новите членови на ИО. Филипче ги предлага и Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ, Андреј Бислимовски, Филип Андов-Сокол.

Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:

„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами, на денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа, повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци. Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Во рамките на тимот еден од најновите делови на целокупниот тим е Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи, но искусни луѓе коишто ги консултираме за активностите, кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт. И вечерва цврсто и одлучно кажуваме, дека ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари. Ние ја враќаме власта во рацете на граѓаните“, изјави Филипче.

Претходна вест(Видео) Љупка Митрова го извади корсетот во живо среде подкаст
Следна вестДвојно убиство во гаража: Тројца обвинети, поранешниот сопруг нарачал егзекуција од љубомора