Почитувани пријатели,
Не ме викаат на национални телевизии, не ми дозволуваат спонзорирани објави, затоа Ве молам масовно споделувајте ги моите објави. На многумина од Вас помогнав директно, но и индиректно. Ве молам одделете половина до еден час и дајте го Вашиот потпис за мене, Вело Марковски НЕЗАВИСЕН кандидат од народот за претседател на Македонија.
Доаѓаат бурни времиња, да се спремиме да одговориме мудро, стрпливо, со јасен став и љубов кон ТАТКОВИНАТА. Ве замолувам Тие што сте решени да ме поддржите, не чекајте и што поскоро дајте го својот потпис во Вашите општини во канцелариите на ДИК (адресите ги има на овој линк: https://www.sec.mk/kontakti/).
Ако имате друг фаворит, по член 63, став 4 од изборен законик „ Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за претседател“ Заедно сме посилни. Ја сакам МАКЕДОНИЈА.