Важна вест: Од 17 часот трупа многу снег на овие патни правци – поставени се забрани за движење

3008

Вест е прогласена за крјно сериозна. Потребно е сите кои планираат да одат по овие делници, да бидат крајно претпазливи и внимателни.

Поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец меѓу Гостивар и Кичево преку планинскиот превој Стража, во двата правци.

Како што информира ЈП „Македонијапат“, мерката стапи на сила од 17 часот и ќе важи сè додека не се подобрат временските услови и не се создадат услови за безбедно одвивање на сообраќајот.

Возачите се повикуваат да ја следат актуелната состојба на патиштата и да ја прилагодат брзината на движење согласно временските услови.

Претходна вестСкопјанец доживеал ужас од „Сејф сити“: 6 дена докажувал дека е казнет за туѓа брзина – еве ги деталите
Следна вестТажна вест ја потресе Македонија: Едно лице загина, едно тешко повредено во сообраќајка