Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво.
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји му ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните парламентарни избори на партискиот лидер Христијан Мицкоски.
– Честитки за убедливата победа. Подготвени сме да работиме заедно за да го подигнеме ЕУ пристапниот процес на Македонија на следното ниво, наведе Вархеји во честитката до Мицкоски објавена на платформата Икс.
Претходно, Вархеји победата на вчерашните претседателски избори и ја честиташе и на Гордана Сиљановска Давкова.