Ужасни вести: Тешка сообраќајна несреќа и тројца млади повредени – итно префрлени во болница

1543

Три млади лица се тешко повредени во сообраќајката што се случи вчеравечер на регионалниот пат Плачковица-Штип.

– На 09.12.2025 во 19:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица-Штип, кај с.Стар Караорман,

патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.Б.(24) од Република Турција, со престој во Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.Б.(18), У.К.(24) и Ј.Б.Т.(27), сите од Турција, со престој во Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од МВР во дневниот билтен.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

Претходна вест„Ти благодарам за секој миг поминат со тебе“: Искра скршена по смртта на Сашо
Следна вест(ВИДЕО) Вонредна вест: Голем пожар вечерва во Македонија – на терен противпожарни екипи