Ужасен крај на потрагата по исчезнатиот млад скопјанец.
Лошата вест брзо се прошири и преку социјалните мрежи.
38-годишник бил пронајден починат завчера попладне во близина на напуштен објект во Аеродром, а до него полицијата пронашла пиштол.
– На 29.03.2026 во 16:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во напуштен објект на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат М.К.(38) од Скопје, а до него бил пронајден пиштол. Од страна на лекар била констатирана смрт, информираа од МВР.
Имено, тој на 03.03.2026 бил пријавен дека се оддалечил од домот, додаваат од полицијата.



