Утрово трупа снег во делови од Македонија – воведена забрана на овие патни правци

2321

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, додека на повисоките места во западните делови има мали остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.

Врнежи од снег со променлив интензитет се регистрирани на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража, додека на планинскиот превој Буково има врнежи од дожд и снег.

Поради снежните врнежи, од утринските часови се воведени ограничувања за сообраќај на неколку патни правци. Од 05:40 часот е забрането движење на тешки товарни возила на патот Гостивар – Кичево преку превојот Стража.

Од 05:45 часот важи иста забрана за тешки товарни возила на правецот крак Маврово – Дебар. Од 05:55 часот на патот Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за автобуси, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сите останати патни правци во државата се проодни, но на делници што минуваат низ усеци и клисури постои можност за појава на помали одрони.

Од ЈП „Македонијапат“ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот.

Претходна вестМарт ќе биде пресвртница за нив: Овие луѓе ќе имаат полни џебови со почеток на пролетта
Следна вестСкопјанец доживеал ужас од „Сејф сити“: 6 дена докажувал дека е казнет за туѓа брзина – еве ги деталите