Маж за кој се верува дека е возачот (30) загинал на местото на страшната несреќа на Обреновачки при директен судир со друг автобус. На местото на несреќата загинала и една жена (40), а 24 се повредени.
Како што дознаваме, 10 лица се со тешки телесни повреди, а 14 со полесни повреди. На местото на настанот пристигнале дури 7 екипи на Брза помош.
Очевидци велат дека несреќата звучела како да експлодирала бомба.
За потсетување, судирот на два автобуса се случи околу 6 часот и 20 минути на Обреновачкиот пат на патот од Умка кон Остружница, во соседна Србија, при што две лица го загубија животот, а 26 лица беа повредени.
Сообраќајот е во прекин во двата правци.