Утре повторно „Марш за ангелите“ во Кочани

104

Утре во Кочани по 24-ти пат ќе се одржи „Маршот за ангелите“ на семејствата и роднините на загинатите од пожарот во дискотеката Пулс. Протестот ќе започне во 17:05 часот.

Маршот ќе почне од Паркот на Револуцијата, продолжува кон Трговскиот центар, па кон Управата за јавни приходи. Ќе се направи кратко запирање на кружниот тек меѓу Основниот суд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи – Кочани, за да им оддадеме почит на нашите деца.

Потоа колоната ќе продолжи кон Министерството за внатрешни работи, оттаму кон Основниот суд, а маршот ќе заврши со враќање во Паркот на Револуцијата, се истакнува во известувањето од организаторите на Маршот.

Претходна вестСкринингот кој го побаравме покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност? – прашуваат од СДСМ
Следна вестТрамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците