Три клуба се потенцијална дестинација за Халанд во иднина

34

Ерлинг Халанд пред некое време ја изненади јавноста со потписот на новиот договор со Манчестер Сити, потпис со кој прифати да остане на „Итихад“ дури до 30 јуни 2024 година.

Тоа е огромно време во светот на фудбалот, период во кој можат да се случат многу работи, но овој договор јасно покажа дека двете страни имаат огромна почит, верба во проектот кој ќе треба да се развива и во иднина.

Меѓутоа иако ова се случи, дел од медиумите продолжуваат да тврдат дека Ерлинг има одредена клаузула за некои клубови во кои би можел да се пресели во следните години. Реномираната „Марка“ пренесува дека Норвежанецот во наредните сезони можеме да го видиме во Шпанија или во Франција, поточно како негови потенцијални дестинации се Реал Мадрид, Барселона и Пари Сен Жермен.

Околу овие тези, предвидувања сигурно дека нема брзо да добиеме одговор бидејќи новиот договор тоа јасно го покажува, но во денешно време 100 процентно не може да се отфрли ниту една опција.

Халанд има 24 години, досега има играно уште за Брине, Молде, Салцбург и Борусија Дортмунд.

Претходна вестАнчелоти: Разбирам зошто Крос го напушти фудбалот
Следна вестЛука Дончиќ во Мајами?!