Тошковски за интерпелацијата од ДУИ: Низок обид за манипулација

30

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оцени дека интерпелацијата што ја поднесе за неговата работа опозициската ДУИ е „низок обид за манипулација на јавноста“, истакнувајќи дека Собранието ќе постапи како што смета.

На новинарско прашање Тошковски рече дека тезите коишто се поставувале во изминатиот период од страна на опозицијата, а особено од страна на ДУИ, сами по себе се контрадикторни.

-Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста, рече министерот Тошковски, по средбата со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ.

Пратеничката група на Европскиот фронт, вчера поднесе интерпелации за министерот Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, кои, како што велат, се главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети на прес-конференција рече дека Тошковски и Исени, на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица, и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

Претходна вестДеца и трудници сè уште се заглавени кај Леуново и Никифорово, снегот не е расчистен
Следна вестРодителите на бебињата кои беа најдени закопани – биле дел од секта: Еве што правеле