Тензично вечерва во Трубарово: Полицијата влегува од куќа во куќа – Жителите во радиус од 150 метри мора итно да ги напуштат домовите

3005

Не е измерена радијација во Трубарево по пожарот во рециклаторниот центар на „Ф-Групација“, а во непосредна близина е измерена висока концентрација на штетни супстанци, рече вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Опасен отпад денеска гори во рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во скопско Трубарево, соработник на компанијата „Нула отпад“ која е е овластена за преземање отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори, литиум-јонски батерии од апарати и возила, како и секаков електронски отпад. Пожарот почна денеска околу 13.30 часот во штала наменета за складирање на отпадни електрични материјали. Пожарот за кратко време предизвика густ црн чад и се прошири и на неколку околни објекти.

Тошковски рече дека припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) се на терен и им препорачуваат на жителите кои се во радиус од 150 метри од центарот на пожарот, да ги напуштат своите живеалишта. Обезбедени се 450 легла во Центарот за обука во Идризово за оние жители кои немаат каде привремено да се сместат. Според мерните единици на специјалната единица на Министерството за одбрана, на 200 метри од центарот од пожарот загаденоста е ниска, а на 400 метри нема загадување.

Министерот рече дека пожарот е локализиран, но уште е активен и се гаси со ситен песок. Во полициска станица, по насока на јавен обвинител, во тек се разговори со три лица од компанијата, управители и сопственик.

Претходна вестФилипче: Крајно неодговорно е Владата да молчи во вакви случаи, препорачувам граѓаните во Трубарево и околните населби да носат маски
Следна вестНигде го нема: Mинистерот за животна средина не се појави на пресот за Трубарево, новинарите го бараа