Седумдесет и тригодишната државјанка на Македонија О.П. е загината во сообраќајна несреќа што се случила вчера во црногорскиот град Будва, пренесуваат медиумите.
До несреќата дошло кога жената, 45 минути по полноќ, ја преминувала улицата во близина на зградата на Комуналната полиција на стотина метри од главните семафори. Во тој момент во неа со автомобил удрил 28-годишниот М.М од Тиват, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“.
По наредба на Основното државно обвинителство истрагата ја спровела сообраќајната полиција на Одделението за безбедност во Будва. Телото на жртвата било испратено на обдукција, додека возачот бил уапсен.
Од Основното државно обвинителство (ОДТ) во Котор соопштуваат дека М.М е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
„На 01.12.2024 година во Будва на улицата ‘Јадрански пут‘ во близина на зградата на општинската полиција, пријавениот управувал патничко моторно возило кое учествувало во сообраќајна незгода, во која државјанка на Македонија, О.П. (1951 година), бил удрена додека ја преминувала улицата“,
се вели во соопштението.