Таравари се шета во Вашингтон – додека на Онкологија нема биолошка терапија

674

Додека министерот за здравство, Арбен Таравари на државна сметка е во Вашингтон, на Онкологија нема биолошка терапија. Проблемот кој се случува на Онкологија го пренесе „Слободен печат“.

-Во Вашингтон започна утрото на најважната инаугурација на светот. Најголемите светски лидери се собрани овде, правејќи го светот поголемо семејство, објави во понеделникот Таравари, споделувајќи фотографија од самиот себе како стои низ улиците на Вашингтон.

И додека тој е во САД, за пациентите на Онкологија нема биолошка терапија!

Фондот за здравство, Министерството за здравство и Клиниката за онкологија по којзнае кој пат ги изневерија пациентите со рак. Недозволив колапс се случува во моментов на Клиниката, бидејќи нема биолошки терапии кои го продолжуваат животот на пациентите поради несоодветно планирање на количините и лошо проектирање на потребните пари. Се добива впечаток дека постојано на болните од карцином „се штеди“. Во моментов на Клиниката ги нема следните лекови: Atezolizumab (Tecentriq), Bevacizumab (Avastin), Palbociclib, Ribociclib, Fulvestrant, Cetuximab а постои голема можност во брзо време да снема Trastuzumab emtansine (Kadcyla), Nivolumab, Cobimetinib и Vemurafenib, пишува Слободен печат.

Клиниката за онкологија не е во можност да одговори на зголемувањето на бројот на пациентите со метастаски канцери и тоа е една од причините зошто се појави овој недостаток. Како втора причина и нешто што ние пациентите го гледаме како позитивен исход а тоа е се продолжува животот на пациентите и затоа подолго период имаат потреба од оваа терапија. Иако минатата година со анекс се одобрија дополни сретства очигледно и тие не беа доволни. Недостаток на терапија има од Петок се обидува Онкологија да добијат дополнително сретства да се затвори оваа дупка до одобрување на новиот буџет, изјави за „Слободен печат“ Ана Маријановиќ, онколошка пациентка од здружението „Хема-Онко“.

Откако на социјалните мрежи вчера се прошири информацијата дека нема лекови, пациентите почнаа да стравуваат за своето здравје, се создаде паника. За некои лекови нема начин да се купат ни од Србија, иако за одредени таблети, можноста постои. Сепак, државата по којзнае кој пат предизвикува вакво доцнење врз најранливите категории чии животи зависат од овие терапии. Клиниката постојано се соочува со поголем и поголем број на пациенти, но планираните буџети што се доделуваат не растат правопропорционално. Пациентите инсистираат биолошките лекови веднаш, во најскоро време без да се чека и одолговлекува со години – да се стават на позитивната листа на лекови.

Целиот текст може да го прочитате на „Слободен печат“ – клик тука.

Претходна вестНесреќа во рудник – најмалку едно лице загина, две се водат за исчезнати
Следна вест11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп