Суада се породила во гаражата во која живее без вода и струја, а често останува и без леб

25

Суада Бегановиќ од Кисељак се породила во гаража и родила здрав син. Гаражата воедно е и нивни дом, нема вода, а струја доаѓа само од една жица за сијалица.

На сиромашно семејство му треба се, од дрва, храна, постелнина, шпорет. Нејзиниот сопруг работи како аргат кога ќе го викнат.

Често оди и собира старо железо. Сепак, дневницата од 500- 600 денари не е доволна за да се обезбедат сите потреби на жената и детето.

Живот во ми зерни услови за живот, недостојни за едно семејство, сега и со нов член во семејството на кого му требаат пристојни услови да расте.

За жал оваа гаража има влага, протекува од сите страни, многу е студено, кога дојде зимата е најголем проблем како што вели таткото Абедин.

– Ова е импровизирано се, спиеме на бетон што се вели, многу е тешко, малиот цело време е по доктори и се разбо лува поради условите.

– Немаме никакви стабилни примања, свекорот помага понекогаш но тоа не е стално решение, вели со та га во очите Суада пред камерите на Аваз.

– Од храна само јадеме компири и некој пат јајца, месо можеби сме јаделе еднаш или два пати, што се вели не знаеме како изгледа.

– На детето многу му е ладно, иако го облекуваме тоа е осетливо, а немаме за дрва, понекогаш одиме и бериме во шумата, додава Суада.

– Работам колку што можам, давам се од себе, каде ќе ме викнат одам и работам, но не стигнува да издржиме и да имаме за нормален живот, вели Абедин.

Претходна вестХамди носи дрва за да преживее и вели: Ќе ја дадам и козата и коњот само за да ме вработат
Следна вестГоран пронаајде мало кученце што живеело во чевла и му пружи нов прекрасен живот