Страотна несреќа ја потресе Македонија помеѓу автомобил и камион – три лица итно пренесени во болница

1233

-На 01.04.2026 во 18:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Градско-Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од Д.К.(53) од Битола и товарно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(61) од с.Горно Оризари, битолско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и неговиот сопатник С.К.(75) од Битола, додека со телесни повреди неговата сопатничка В.К., констатирани во Итната медицинска помош Прилеп.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Прилеп, информираат од МВР.

Претходна вестШто се случува вечерва: Нов голем скок на нафтата
Следна вестТешка несреќа вечерва – сообраќајот на овој патен правец е во прекин