Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

47

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.

И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 км/ч). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.

Претходна вестТрендафилов: Владата не остави „да се тепаме“ со работодавачите
Следна вестМицкоски најави протести ако не си поднесат оставки членовите на Судскиот совет, вели дека тој ќе биде во првите редови