Собранието гласаше да нема намалување на цената на патарините

2642

Предлог законските измени поднесени во Собранието од страна на пратениците од коалицијата на СДСМ за намалување на цените на патарините на половина, не беше прифатен од владејачкото мнозинство. Од 95 присутни пратеници, гласаа само 23-ца, со што измените не беа прифатени.

Пратеникот Миле Талевски објасни дека покрај преполовување на патарините се предлага со закон да се уредат цените, а не како до сега, со одлука на Владата. Намалувањето на патарините, како што рече, од кои зависи мобилноста на граѓаните, директно влијае врз стандардот.

-Нашата држава е увозна зависна од храна, лекови, репроматеријали во кој транспортот игра голема улога во финалните цени. Намалувањето на транспортните трошоци ќе влијае на цените во маркетите, аптеките и производството на компаниите, рече пратеникот Талевски.

Пратениците денеска не го прифатија и предлогот за намалување на данокот и акцизите за нафтените деривати.

Претходна вестПарите доаѓаат неочекувано, овие 4 хороскопски знаци влегуваат во златен период од април
Следна вестБеше осуден за убиството на Вања и Панче – сега е во тешка здравствена состојба