Со воздушна пушка пукал во домашно милениче, кавадарчанец пријавен во полиција

107

Кавадарчанец бил пријавен во полиција дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 19:20 часот во ОВР – Кавадарци е извршен службен разговор со Ѓ.К., 46-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека со воздушна пушка, пукал во куче – домашен миленик на И.М., на возраст од 62 години од Кавадарци, појаснија од СВР – Велес.

Пушката била одземена и по документирање на настанот, како што додадоа од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестДве години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
Следна вестПрвиот човек на Украина, Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија