Славчо Попоски најави снег во Македонија – еве кога и каде

2242

Денес вторник 24 февруари 2026 во попладневните и во вечерните часови во Македонија и тоа особено во северните предели ни следува краткотрајна промена на времето со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд во пониските места (градовите) како и повремен снег на планинските места над 1100/1200 метри надморска височина.

Повремен локален дожд ќе има и во Скопскиот регион а на околните планини ќе има повремен снег.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен во Повардарието и во источните предели (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).

Максималната дневна температура денес ќе бидат натпросечно висока и ќе се искачува во интервалот од 11 до 18 степени а во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 14 степени.

Претходна вестМаж без знаци на живот пронајден во Македонија
Следна вестЛошата вест брзо се прошири: Мртва жена е пронајдена во запалена куќа