Сите млади луѓе од Македонија да си ги проверат сметките – ИМААТ ПРИЛИВ на пари

356

Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички стипендии за четири месеци и за студентски стипендии за три месеци им се префрлени на постојните и на новите корисници.

-Исплатата на стипендиите отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати. Министерството останува посветено на младите. Преку добра непосредна соработка, продолжуваме да ги подобруваме ученичкиот и студентскиот стандард, наведува МОН во објавата.

Претходна вестЗабрана за сообраќај за тешки товарни возила кај Узем– Деве Баир и Крива Паланка – Деве Баир
Следна вестНикола Пановски раскажа за ужасот што го преживеал во Скопје: Паднав од точак под џип – возачот гледаше на телефон, не ме виде и тргна да вози, има повреди – но е добро