Сите биле невакцинирани: Во Македонија за три недели од грип починале ШЕСТ лица

329

Бројката на починати лица од сезонски грип се искачи на шест лица, сето тоа во рок од три недели, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести,- Александар Петличковски.

– Шест починати лица не е мала бројка. Мислам дека сите беа невакцинирани. Некои од нив се во возрасната група над 65 години, некои од 25 до 65 години – рече Петличковски на прес-конференцијата по седницата на таа комисија.

Милена Стевановиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести во Скопје, изјави дека последниот смртен случај од грип е жена на возраст од околу 45 години со сериозни ризик од тешко заболување, со бројни коморбидитети, која починала на таа клиника.

Откри и каква е ситуацијата во моментот на Клиниката, односно колку болни лица се хоспитализирани.

– Седум лица заболени од грип во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника, пет со потврда, а двајца се на чекање. Шест лица се хоспитализирани со коронавирус,– рече Стевановиќ.

Стевановиќ додаде дека бројките растат и за кратко време ќе го достигнат својот пик и затоа сите треба да бидат внимателни.

– Грипот може да биде сериозна болест и треба да се сфати сериозно. Вакцината е најмоќното оружје во борбата против грипот и тоа треба да се има на ум,- рече Стевановиќ.

Комисијата за заразни болести на Македонија препорача да се носат маски во здравствените установи и домовите за заштита на старите лица.

Претходна вестВоведена нова мерка во Македонија: Задолжително носење маски на повеќе локации – сезонскиот грип одзема голем број на човечки животи
Следна вестГолем хаос во Германија: Обилни врнежи од снег откажаа повеќе летови – ова е само почеток