Трет обид за убиство на Раде Трајковски Штекли, откако утрово во 9.20 часот експлодираше бомба во дворот во куќата кадешто тој живее во скопската населба Ќерамидница. По експлозијата, Штекли беше пренесен во градската болница, не е во животнозагрозувака состојба, а според информациите на МВР, други повредени лица нема. Засега останува непознато во јавноста кој стои зад последниот напад врз Штекли.
Раде Трајковски-Штекли доцна синоќа повторно се огласи на својот Инстаграм профил.
Овој пат тој нуди парична награда за информација за изгубено куче.
Кучето се одзива на име Скај, а наградата доколку го пронајдете е 200 евра.